Поврзете се со нас

Италија

Мота по убедливиот пораз на Јувентус: Мора брзо да се подобриме…

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Јувентус не се прослави на првиот тест натпревар за новата сезона и на дебито на тренерот Тијаго Мота загуби од Нирнберг со убедливи 3-0.

Влаховиќ промаши пенал, Јувентус потопен во првиот меч под водство на Мота (ВИДЕО)

„Старата дама“ не реализираше пенал преку Влаховиќ при негатива од 1-0 за да во самиот финиш прими два гола и доживее тежок пораз кој значи дека некои работи мора да се поправат почнувајќи од наредната контролка.

-Можеме подобро да ја контролираме играта, да го задржиме поседот на топката подолго за да биде организиран, да ги замориме противниците и да најдеме простор за напад. На моменти се снајдовме добро на почетокот на вториот дел, но потоа во општа неорганизираност одејќи напред, им дозволивме на противниците да најдат простор.

-На стартот на вториот дел видов тим кој можеше да доминира над противниците и да создава. Ова е нашата идеја. Мора да го продолжиме овој момент и да се обидеме да го правиме тоа што е можно подолго. Добро се подготвивме. Се разбира, некои играчи се мачат малку повеќе во овој период бидејќи тренираме поинтензивно отколку во текот на сезоната, -истакна Мота и заклучи:

-Денешниот пораз мора да се земе на вистински начин, но сигурно мора брзо да се подобриме. Мора да продолжиме да работиме вака, како што направивме деновиве, -рече новиот предводник на „бјанконерите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни