Италија
Мота откако не го испрати Влаховиќ ниту на загревање против Комо: Сите играчи се свесни што барам од нив

Душан Влаховиќ со 13 погодоци е најдобар голгетер на Јувентус оваа сезона, но српскиот напаѓач стартуваше на само еден натпревар во 2025-та година и тоа јасно води кон размислувања дека Тиаго Мота полека ја губи вербата во него.
Тренерот на Јувентус не го вметна Влаховиќ во почетниот тим на последните три натпревари во Серија А, но вчера за првпат не го испрати ниту на загревање.
Не само што не доби шанса, Душан не беше повикан да се загрее за евентуално влегување во игра, што укажува на тоа дека воопшто не бил во плановите на Мота за вчерашното гостување кај Комо.
Јувентус успеа да победи со 1:2 со двата голови на новото зимско засилување Коло Муани, а тоа ги прави работите само уште посложени за Србинот.
– Секогаш ќе има место за секој играч во мојот тим. Душан одигра голем број натпревари досега, играше дури и на натпревари на кои не беше во оптимална форма.
– Тој останува важен играч, исто како и сите останати. Сите играчи се свесни што барам од нив, знаат дека можат да направат разлика како стартери, но и кога влегуваат од клупата. Секогаш треба да се тука за доброто на тимот, – изјави Мота.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)