Поврзете се со нас

Шпанија

Мората и Јамал се пресметаа „еден на еден“, капитенот му одржа лекција на 16-годишното момче (Видео)

Објавено

на

Шпанија го прикажа најдобриот фудбал на ова Европско првенство и сосема заслужено стигна до големото финале, но пред најважниот предизвик кој следи, атмсоферата во тимот е навистина опуштена.

„Црвената фурија“ ќе ги одмери силите со Англија во големото финале кое се игра в недела во Берлин, па во подготовките за овој меч, Де ла Фуенте решил да организира мал турнир во кој фудбалерите се пресметувале „еден на еден“.

До финалниот меч стигнале Алваро Мората и Ламин Јамал, а шпанската Федерација откри како минала пресметката и кој излегол како победник.

Иако Јамал е задолжен за креирање на брилијантни потези на теренот, во дуелот „еден на еден“ издоминирал Мората, па со завршниот гол изнуди и насмевки меѓу соиграчите пред да прослави победа.

Мората е капитен на овој шпански тим и добива големи пофалби за добрата атмосфера која ја одржува во репрезентацијата, а објавеното видео од Федерацијата е добар пример за тоа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни