Италија
Мората ги извести фановите за важен пресврт во својот љубовен живот (Фото)

Алваро Мората ја почна новата авантура во Милан без најважнта личност во својот живот во последната деценија, но откако самиот објави дека се разделил со сопругата Алис Кампело, сега напаѓачот беше тој кој ја извести јавноста за промена на статусот.
Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација со голема насмевка на лицето ги потврди шпекулациите на „жолтиот печат“ во Шпанија, односно објави фотографија со која потврди дека се смирил со сопругата со која осум години беше во брак.
Долгогодишната врска направи двајцата да станат родители на четири заеднички деца, па откако двајцата се разделија пред пола година, малку кој очекуваше сценарио како ова сега.
Познатата двојка повторно е заедно и се враќа на старите патеки после шест месеци пауза, а оваа вест дефинитивно треба да влијае најпозитивно и врз напаѓачот, кој на стартот на сезоната призна дека страдал од депресија.
Како што стојат работите, очигледно новата година означи нов старт на авантурата на Алваро и Алис, па во само неколку часа, објавата на фудбалерот собра нешто повеќе од 600 илјади лајкови.
-
Италија15 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија9 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)