Олимписки игри
МОК информира за контрола од МВР

Во духот на целосно транспарентно и отчетно работење на Македонскиот олимписки комитет (МОК), ве информираме дека денеска (19.02.2024) служби од Министерството за внатрешни работи (МВР) од канцеларијата на МОК побараа документација поврзана со Редовното изборно собрание што се одржа на 8 февруари 2024 година.
МОК им ја достави целокупната барана документација со записник, која вклучува:
– Комплетна видео снимка од изборното собрание
– Статут, Деловник и Олимписка повелба
– Мислења на спортско-арбитражниот суд
– Изјави од членовите на верификациската комисија
Како организација која секогаш е максимално транспарентна и отворена за соработка со сите надлежни органи, институции и организации, МОК е изненаден од постапката на одредени државни институции кои според законските одредби немаат надлежност да ја контролираат постапката за спроведување и одржување на изборно собрание, како и одлуките донесени на тоа собрание.
Очигледно е дека некому му пречи резултатот од редовното изборно собрание на МОК и донесените одлуки од страна на делегатите и затоа не престанува црната кампања против раководството на МОК.
Одлуките донесени на изборното собрание и изборот на Даниел Димевски за претседател на МОК и во следните четири години беа донесени јавно и според одредбите пропишани во правните акти на организацијата. Овие одлуки и изборот на претседател ги поздравија највисоките меѓународни олимписки организации, како што се Асоцијацијата на национални олимписки комитети (ANOC), Европскиот олимписки комитет (EOC), Меѓународниот комитет на медитерански игри (ICMG), како и многу национални олимписки комитети.
Во духот на досегашното работење, МОК ќе продолжи да работи единствено како што умее и треба, јавно и транспарентно, без оглед на обидите на поединци и групи да го дискредитираат раководството и организацијата,- вели Даниел Димевски, претседател на МОК.
Извор: Соопштение за медиуми
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)