Поврзете се со нас

АТП

Моја откри на кое ниво е Надал: Има еден проблем…

Објавено

на

Рафаел Надал се обидува да се прикаже во најдобро светло на турнитите на кои настапува, а последниот беше Ролан Гарос каде наиде на многу тежок противник на самиот старт во името на Александер Зверев кој дефинитивно е еден од топ фаворитите за пехарот во Париз.

Шпанецот се бореше, имаше свои шанса да го однесе мечот најмалку во четири сета, меѓутоа се гледа дека долгото отсуство оставила трага и тој на крајот загуби со 3-0.

-Би рекол дека сега е на 80-85 проценти од најдоброто ниво. Проблемот е што тој не може да го одржува тој ритам долги периоди од натпреварот. Недостигот на натпреварување, континуитет многу го отежнува достигнувањето на тој ритам на највисоко ниво, -истакна Карло Моја кој е тренер на големиот грен слем шампион.

-Изминавме долг пат. Од Барселона, моравме да спакуваме многу за многу краток временски период. Ова е периодот кога веројатно поминувавме најмногу часови на тренинзи. Сепак, не беше доволно да се победи на првиот меч во Париз, -заклучи Моја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни