Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Лука Модриќ во полуфиналната пресметка против ПСЖ на Светското клупско првенство го одигра последниот натпревар како играч на Реал Мадрид, етапа на која и стави крај после незаборавни и блескави 13 години.

Хрватот кој беше скромно претставен во 2012-та година се претвори во најтрофеен играч на Реал Мадрид на сите времиња, па затоа многумина почнаа да го ставаат и при самиот врв на најдобри играчи во историјата на клубот.

Модриќ освои 28 титули како првотимец на Реал Мадрид, од кои најзначајни се шесте трофеи во Лигата на шампионите, четирите во Ла Лига и две во Копа дел Реј.

Хрватот го напушта Реал и негова следна станица ќе биде Милано, а пред да замине на лекарски прегледи во Италија, се одјави со серија спомени кои ја одбележаа неговата кариера во шпанската престолнина.

– Мојот дом цели 13 години, мојот дом засекогаш. Ова не е збогум, ова е довидување. Реал Мадрид, – порача Модриќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни