Шпанија
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…

Лука Модриќ официјално ја заврши приказната со Реал Мадрид и сега се очекува негова промоција во редовите на италијанскиот прволигаш Милан.
Хрватот мина 13 години на „Бернабеу“, период исполнет со многу радости, успеси, освоени пехари во сите натпреварувања. Лука имаше значајна улога во сите овие резултат, беше вистински лидер на теренот и надвор од него и сега некои други момци ќе треба да ја продолжат мисијата.
Со оглед на сите резултати сигурно е тешко да се извори еден момент, ама Модриќ го има и тоа е победата над Атлетико Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во 2014 година.
-Започна доминацијата во последните 12 или 13 години, која беше неверојатна, освојувајќи шест титули во Лигата на шампионите за 10 години. Секогаш ја споменувам „Ла Десима“ бидејќи беше импресивна, а начинот на кој ја освоивме совршено го дефинира она што е Реал Мадрид: никогаш не се откажувај и верувај до крајот. Беше незаборавно за Мадридистите, бидејќи бројот 10 е посебен. За мене тоа е исто така посебен број. Кога ќе се сетам на таа прослава, секогаш добивам насмевка, -порача играчот од средината на теренот.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија18 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!