Лига на шампиони
Модриќ: Доста зборуваме, треба да се покажеме на теренот
Шпанскиот шампион Реал Мадрид претрпе пораз од Шахтјор Доњецк и се стави во незгодна позиција пред завршното коло во Лигата на шампионите.
„Кралевите“ и понатаму имаат се во свои раце, поточно ако на домашен терен го победат бундеслигашот Борусија Менхенгладбах тогаш сигурно обезбедуваат пласман во нокаут фазата во елитното натпреварувања. Меѓутоа тоа воопшто нема да биде лесна мисија со оглед на квалитетот на противникот, но и фактот што Реал не игра на посакуваното ниво и има многу падови во играта.
За ова се свесни и во таборот на Реал, па еден од најискусните Лука Модриќ во првата анализа по средбата во Украина порача:
-Има уште еден меч до крајот. Реал секогаш покажувал дека кога треба да се победи, тоа може да го направи. Ама тоа мораме да го покажеме на теренот, зборовите не се доволни. Ни фали конзистентност која секогаш сме ја имале. Имаме одличен натпревар, па два лоши, добар, па два лоши. Ни недостасува конзистентност и мора што побрзо да се подобриме.
-Кога противникот има водство ние не сме добри, губиме самодоверба и не играме како што сме играле пред голот. Мора тоа го промениме, да најдеме начини да се подобриме, -рече Лука и додаде:
-Создаваме шанси, ама тешко даваме голови. Ако не дадеме гол, работите стануваат тешки за нас. Тоа е фудбал, математика нема секогаш да оди како што сакаме. Мора да гледаме позитивно, останува уште еден меч и ќе се бориме до крај, -заклучи Хрватот.
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план