Светски првенства
Многуте грешки го сторија своето, Македонија поразена на гостувањето кај Украина
Кошаркарската репрезентација на Македонија одигра уште еден скромен натпревар во рамките од квалификациите за Светското првенство и претрпе пораз на гостувањето кај Украина со 78:61.
Избраниците на Драган Бајиќ подобро го отворија натпреварот и постојано беа во водство во првото полувреме, нешто што не успеаја да го валоризираат во позитивен резултат на крајот.
Во првата четвртина водевме и со шест разлика, додека во втората на два пати имавме позитива и од плус осум, за на полувреме да се замине со предност од четири поени.
Украинците тотално се вратија после паузата и веќе во 23. минута за прв пат го презедоа водството на натпреварот и до крај не го испуштија. Резултатот постојано се зголемуваше во нивна корист, за на крај да слават со убедливи 17 поени разлика.
Во селекцијата на Макеоднија имаше голем број технички грешки, кои и тоа како влијаеа на резултатот, а прескромна беше и реализацијата која беше околу 36%.
Бојан Крстевски беше најефикасен во нашиот табор и единствен расположен на теренот со 14 поени, додека на 12 застана Џејкоб Вајли.
Ова е втор пораз за репрезентацијата на Македонија, по очекувано високиот проаз на првиот натпревар од квалификациите, додека Украина ја забележа својата прва победа откако претходно загуби од Грузија.
Фото: Fiba.com
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план