Поврзете се со нас

Свет

Многу емоции: Ди Марија по 18 години се врати во матичниот клуб, даде гол, па се повреди (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/RosarioCentral

Анхел Ди Марија по пауза од скоро две децении повторно заигра фудбал во својата татковина и тоа во матичниот клуб, клубот во кој започна одличната и успешна фудбалска приказна.

Офанзивецот доби спектакуларен пречек од навивачите на Розарио Сентрал, имаше доста емоции што беше нормално, но овој прв натпревар не заврши онака како што посакуваше ветеранот и сите навивачи на овој клуб.

Популарниот Фидео донесе водство за Розарио против Годој Круз (78 минута) со удар од белата точка. Меѓутоа десет минути подоцно Анхел се повреди и беше изнесен со количка од теренот, па гостите добија црвен картон во 91, ама и со играч помалку во 95 успеаа да дадат гол, да се спасат од пораз и да го шокираат фаворитот (1-1).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни