Репрезентација
Миовски ќе истрча против Велс во специјални копачки: Во чест и сеќавање на сите кои ги загубивме во Кочани (Фото)

Бојан Миовски со својот гол ја потврди победата која ја оствари Македонија на гостувањето во Вадуц, па сега со уште поголема самодоверба влегува во дуелот со Велс кој се игра вечерва на „Тодор Проески“.
Нашиот најдобар напаѓач се очекува да биде главен адут во офанзивната линија на Благоја Милевски, а бидејќи натпреварот против Велс ќе биде прв на домашен терен по големата трагедија во Кочани, на трибините се очекува да има и голем набој на емоции.
По тој повод, Миовски реши да подготви специјални копачки за денешниот натпревар, па во најавата за мечот, имаше и емотивно обраќање на социјалните мрежи.
– Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував:
– „Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот.
Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство.
– На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените, – порача Миовски.
View this post on Instagram
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)