АТП
Министерот го искористи своето право: Повторно е поништена визата на Ѓоковиќ
Продолжува драмата на Новак Ѓоковиќ во Австралија, а последната вест која ни доаѓа од таму е дека повторно е поништена визата на првиот светски рекет.
Mинистерот за имиграција Алекс Хок го искористи своето дискреционо право и ја укина визата на српскиот ас.
-Го искористив моето овластување во Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Заради здравје и ред, поради јавниот интерес. Оваа одлука следеше по наредбата на Сојузниот и Окружниот суд кој од 10 јануари ја поништи претходната одлука за укинување на визата. При оваа одлука внимателно ги разгледав сите информации од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили. Владата на Морисон е цврсто посветена на заштита на границите на Австралија, особено за време на пандемијата, -објасни Хок.
STATEMENT: https://t.co/UmD6ajcbYx pic.twitter.com/QEjyZWCidi
— Chris O'Keefe (@cokeefe9) January 14, 2022
Во случај да Ѓоковиќ не поднесе жалба и доколку неговата жалба не биде уважена ќе биде депортиран од Австралија.
Само за потсетување Новак не е вакциниран, но доби медицинско ослободување од две независни лекарски комисии по што слета во Мелбурн, но веќе на аеродромот настаа проблеми.
Граничните власти го „затворија“, му беше поништена визата, Ѓоковиќ поднесе жалба која Федералниот суд му јаприфати по што големиот шампион беше слободен човек и дури тренираше на „Род Лејвер Арена“, меѓутоа постоеше одредена неизвеснот поради можноста на минисерот Хок кој на крајот ја искористи за нова драма и покрај тоа што веќе беше извршен ждребот за првиот глен слем во 2022 година.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…