Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски откри што очекува од новиот играч во репрезентацијата и додаде: Четворица стартери доаѓаат со повреди

Објавено

на

Селекторот Благоја Милевски објави список од 26 фудбалери на кои ќе смета за подготовките за дуелите со Лихтенштајн и Германија, период во кој тој и лекарскиот тим ќе одлучат дали повиканите стартери кои влечат повреда ќе можат да му помогнат на најсилниот национален тим.

Популарниот Боби му овозможи прв репрезентативен повик на Ердал Ракип од редовите на Малме, фудбалер од кој предводникот на националнит тим очекува да донесе дополнителен квалитет во веќе добро поткованиот среден ред.

– Со неговите настапи во Шведска и во Лигата на шампионите, мислам дека нашиот тим ќе добие на конкурентност во средниот ред. Во септемврискиот циклус и сега се соочуваме со проблеми во средината и мислам дека Ракип со својот квалитет ќе ја зголеми конкуренцијата. Негово е да покаже дали ќе се наметне како еден од носителите, или не. Станува збор за млад фудбалер и се надеваме дека ќе имаме корист од него во иднина, – изјави Милевски на пресот.

За разлика од Ракип кој приситгнува максимално подготвен за докажување, Милевски открива дека четворица стартери се соочуваат со здравствени проблеми, па за некој допрва ќе се одлучува дали ќе може да и помогне на репрезентацијата.

– По последниот наш собир, се јавија повеќе проблеми со неколку играчи. Барди не е во натпреварувачки ритам бидејќи се пожали на повреда, а истото важи и за Висар Муслиу. Тие се расположени да дојдат и да се пробаат, но лекарите ќе одлучат дали ќе играат, или не. Енис Барди има закажано снимање за 30-ти септември и тогаш ќе се знае повеќе. Висар во недела ќе биде присутен на собирот. Проблеми имаше и со Адеми, но сега е подобар и се надеваме дека ќе го имаме на располагање. Поконкретна слика за овие фудбалери ќе имаме во сабота или недела. И Чурлинов пристигнува со скршеница на вилицата, но добра околност е што нема поголеми проблеми и ќе може да игра со специјално изработена медицинска маска за заштита, – порача Милевски кој заклучува дека мечот со Лихтенштајн ќе биде клучен.

– Со Германија ќе уживаме на теренот, а со Лихтенштајн не чека најтешкиот натпревар во овие квалификации. Нивната форма на последните неколку меча покажува дека имаат голем напредок, не само на физички, туку и на тактички план. Загубија од Германија и покажаа добра игра, а потоа одиграа нерешено со Ерменија, – нагласи Боби.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни