Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милан победи и покрај извонредните голови на Слован, Атлетико броеше до шест во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/atletienglish

Милан врза трета победа во низа во Лигата на шампионите и сега може ад се надева на топ 8 пласман, но истото важи и за Атлетико Мадрид кој го одигра најдобриот меч оваа сезона.

„Росонерите“ гостуваа во Словачка кај Слован Братислава и мораа да се помачат за трите бода, бидејќи тренерот Пауло Фонсека со една клучна измена го промени целиот тек на мечот.

Милан на моменти беше и во подредена улога во првиот дел и на пауза се замина со резултат 1:1, но во вториот дел, гостите тргнаа како нов тим со Рафаел Леао во тимот.

Првите 45 минути беа одбележани од головите на Пулишич и оној на Тигран Барсегјан по претрчани 70 метри, додека второто полувреме стартуваше со доминација на Милан и гол на Леао за 1:2.

По погодокот на Португалецот, следеше огромна грешка од одбраната на Слован и гол на Ејбрахам за 1:3, додека на крајот се влезе во возбудлива завршнита поради извонредниот гол на Марчели. И покрај тоа, Милан успеа да се одбрани и да ја задржи победата во свои раце, а три бода во раниот термин во Лигата на шампиони оставри и Атлетико Мадрид.

Тимот на Диего Симеоне беше немилосрден во Чешка и го наполни голот на Спарта Прага, броејќи до шест со головите на Алварез (два), Кореа (два), Гризман и Љоренте.

Головите од Слован – Милан погледнете ги ТУКА

Головите од Спарта Прага – Атлетико погледнете ги ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни