Италија
Милан не се откажува: Остварени нови сериозни контакти со ѕвездата која разочара во Челси
Милан го донесе Шарл Де Кетелар како најголемо засилување во летниот трансфер период и младиот Белгиец е најскап трансфер во ерата на Паоло Малдини, но целта на актуелниот првак во Италија е да доработи уште неколку операции и да му понуди уште поконкурентен тим на тренерот Пиоли.
„Росонерите“ започнаа со задоцнување на трансфер пазарот бидејќи главниот оперативец Малдини го продолжи договорот во последен момент, но она што се одолговлекува цел месец, сега било повторно активирано од директорот на Милан.
Калчолигашот по секоја цена сака да добие супер-засилување во нападот од Премиер лигата, односно да го привлече фудбалерот кој разочара во Челси по трансферот направен од Ајакс пред две години.
Лондонските „сини“ веќе договорија трансфер на Тимо Вернер кој дојде во Челси во исто време со Хаким Зијеш, кој треба да биде следниот кој си заминува од „Стемфорд Бриџ“.
Крилниот напаѓач не е во плановите на Тухел и препорачано му е да си пронајде нова средина, а последните информации велат дека Милан повторно остварил контакти со фудбалерот и целта е да го доведе како големо засилување за сезоната во која ќе се брани титулата во Серија А.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…