Свет
Меси наброја четири играчи кои ќе се борат за „Златната топка“ и го заборави Белингам
Лионел Меси е вистински рекордер и освои осум „Златни топки“ во својата кариера, а последната му припадна поради светската титула на мундијалот во Катар.
Аргентинецот во тесна битка го доби Ерлинг Халанд и повторно го доби најпрестижното фудбалско признание, но претходно доби и една битка со втората најголема европска ѕвезда во овој момент, Килијан Мбапе.
Халанд и Мбапе се предодредени да се борат за „Златната топка“ во блиска иднина, но Меси смета дека во тој круг треба да се придодадат и Винисиус Жуниор и Ламин Јамал од Барселона.
– Кои играчи ќе се борат за „Златната топка“ во блиска иднина? Тоа може да биде убаво ривалство меѓу Халанд, Мбапе и Винисиус од Реал. Сепак, има многу други млади играчи кои допрва ќе дојдат.
– Сметам дека и Ламин Јамал од Барселона ќе има голема улога и ќе се бори за оваа награда во иднина. Многу веројатно ќе има играчи и за кои се уште не сме слушнале. Секогаш се раѓаат нови ѕвезди и сигурен сум дека пред нас е нова убава фудбалска ера, – изјави Меси за „Лекип“.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)