Англија
Менди правеше чуда на голот и спречи да го видиме погодокот на сезоната во Премиер лигата (Видео)
Челси победи на гостувањето во близина во Лондон кај одличниот Брентфорд, пред се благодарение на неверојатниот Менди кој правеше чуда на голот оваа вечер на „Комјунити стадионот“ во англиската престолнина.
Голот на Бен Чилвел пред крајот на првиот дел му донесе значајна преднсот на фаворизираниот гостин, кој на крајот беше приморан грчевито да се брани и да се надева на спектакуларни одбрани од својот голман.
Томас Тухел вечерва имаше свој херој во името на Едуард Менди кој имаше неколку страшни одбрани во последните минути, од кои две беа навистина извонредни.
Менаџерот Франк најпрво се фаќаше за глава во 87-та минута кога Менди интервенираше храбро со глава, но дефинитивно, убедливо најдобра одбрана беше онаа во 93-та минута кога спречи да го видиме голот на сезоната во Премиер лигата.
Нордгард ја прими топката во шеснаесетникот и се одлучи за акробација, а иако неговите „ножички“ беа беспрекорно добри, следеше вонсериска одбрана на Менди кој го сочува својот гол, но и победата на Челси кој останува лидер на табелата со минималниот триумф.
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет1 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Англија6 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)