Поврзете се со нас

Англија

Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SheffieldUnited

УГледните англиски медиуми вчера пренесоа дека Пол Хекингботам е првиот менаџер кој заработува отказ во текот на оваа натпреварувачка сезона, а ова попладне пристигна потврда и од Шефилд Јунајтед.

Клубот од „Брамал Лејн“ му се заблагодари на Хекингботам за промоцијата во елитното друштво која беше изборена минатата сезона, но реши дека е вистинско време за промена, особено после тешкиот пораз од Барнли.

Шефилд Јунајтед пред еден час ја извести јавноста дека е раскинат договорот со Хекингботам, а сега само ги потврди гласините кои кружеа во јавноста 24 часа.

Крис Вајлдер се враќа на големата врата и прави кам-бек во редовите на Шефилд Јунајтед, односно повторно ќе го води првиот тим по пауза од две години.

Вајлдер има посебно место во историјата на Шефилд, па затоа неговото враќање беше прифатено нависитна добро и од премиерлигашките фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни