НБА
Мелоун: Сите велат дека Џордан бил лош човек, ама да ви кажам…(ВИДЕО)
Заврши документарецот „Последниот танц“ во кој во 10 епизоди се говореше за Мајкл Џордан и шампионската генерација на Чикаго Булс од сезоната 1997-1998 година.
Секако во истиот имаше и многу други работи поврзани со Џордан кој беше централна фигура, се открија одредени работи кои не и беа познати на јавноста, па затоа има и многу различни коментари. Во документарецот се појавија многу познати имиња кои низ годините имале контакт со Џордан, биле дел од целото патување, но воедно имаше и такви кои одбиле да бидат дел од серијалот, да дадат интервју.
Тоа го откри режисерот Џејсон Хехир кој издвои двајца играчи-тоа се поранешните ѕвезди на Јута Џез, Карл Мелоун и Брајан Расел.
Секако ќе биде интересно да се види нивниот став за тоа што се случувало во битките со Џордан и Чикаго во тоа време, меѓутоа ќе мора да се почека на друга можност за тоа.
Сепак медиумите извадија едно видео од Мелоун снимене на почетокот на 2019 година во кое тој зборува за Џордан и финалето со Чикаго.
-Мајкл Џордан, Мајкл Џордан што друго треба да кажам, -вели Мелоун за тоа што за него значи името на легендата на „биковите“.
Запрашан за финалето од 1996 година и моментот кога Џордан му ја краде топката „Поштарот“ вели:
-Зошто? Зошто треба тоа да го правам? Ќе ти кажам една работа, јас сум маж и ја прифаќам одговорноста што не победивме. Игравме против Чикаго Булс, не против Џордан. Имам голема почит кон Мајкл, ама никогаш не сметав дека играме против Џордан, играв против Чикаго.
-Сите велат дека овој човек беше лош човек и сето тоа. Јас им оддавам почит, ама и јас бев кучкин син. Така гледам на тоа, јас сум тој. Можеби кога ќе остарам ќе гледам поинаку на тоа, ама сега гледам така на тоа, -порача иконата на Јута Џез.
Now we know what Karl Malone thinks of Michael Jordan pic.twitter.com/Q7a7QdFHZp
— E60 (@E60) May 20, 2020
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план