Поврзете се со нас

АТП

Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до нов финале на Вимблдон, турнир на кој постојано имаше успеси низ годините и освојуваше пехари.

Тој беше запрен во полуфиналето од страна на првиот светски рекет Јаник Синер кој славеше со 3-0 во сетови со 6:3, 6:3 и 6:4. Србинот немаше соодветен одговор за Италијанецот, а и на теренот покажуваше дека не е се најдобро со него, меѓутоа во ниту еден момент не размислуваше за повлекување.

Легендарниот Џон Мекинро постојано е присутен на овие големи настани, турнири со свои анализи и коментари, па имаше што да каже за Ѓоковиќ.

-Со години го враќаше времето назад, ама мислам дека се го стигна. Ова е прв пат кога го погледнав и си помислив: „Мислам дека нема шанси да се врати“. Не знам дали може да прифати да биде под овие двајца момци (Синер и Алкарас). Не можеш да го победиш времето, нели? Тоа е она што го гледаме сега. Конечно се придружи на друштвото на постари шампиони, кои сфаќаат дека времето е зад нив и дека мора да се справат со тоа.

-Не знам дали беше повредата или фактот што имаше многу тешки натпревари, но времето не може да се победи. Искрено, досега беше неверојатен. Лудо е. Феноменално. Ќе има многу за размислување во следниот месец. Ќе размислува дали е само повреден или неговото тело го издало, вели Американецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни