Поврзете се со нас

Боречки спортови

МекГрегор не чекаше долго и му одговори на Топурија (Фото)

Објавено

на

Илија Топурија стана нов „крал“ во перо категорија и ја прекина доминацијата на Александар Волкановски, Австралиецот кој го предаде појасот во оваа конкуренција по речиси 1500 дена.

Шпанецот со грузиско потекло беше максимално агресивен и го нокаутираше Волкановски во втората рунда, а понесен од емоциите и од 15-та победа на исто толку борби во ММА кариерата, популарниот „Матадор“ реши да го предизвика Конор МекГрегор.

Веднаш по добиената битка со Волкановски, Топурија го прозва Ирецот и побара од него да прифати борба во Шпанија, односно ја доведе во прашање неговата храброст со следната порака.

– Ако се уште имаш мади.а, ќе те чекам во Шпанија, – му порача Топурија на МекГрегор, а овој одговори на социјалните мрежи.

– Имам огромни мади.а, имам четири деца!

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни