Македонија
Мега викенд на Давидовски во Саудиска Арабија: Ќе стартува од првиот ред на последната трка!

Последниот гран при викенд од WTCR се одржува во Саудиска Арабија, каде што на покусата верзија од Ф1 патеката во Џеда нив две вечерни трки, викендов се одлучува и прашањето на победникот за 2022 година од Светскиот ТЦР куп.
Македонскиот возач, Виктор Давидовски, во саботните квалификации возени под светлата на рефлекторите успеа да избори пласман меѓу 12 најдобри во втората квалификациска сесија, а потоа во неа го зазема 9. место, со време кое беше за нешто повеќе од половина секунда побавно од она на провизорната пол позиција во тој момент.
Согласно правилата, тој во првата трка ќе стартува од 9. место, додека во втората трка кога првите 10 возачи ги ротираат стартните позиции, ќе се најде на 2. место од првиот ред.
Давидовски настапува за тимот „Comtoyou“, а неговиот тимски колеги Натаниел Бертон ја има пол позицијата во првата трка.
Шампионот на ТЦР Европа, Франко Џиролами, кој исто како Давидовски настапува со „вајлд карта“, ќе стартува од шестото место, откако задоцни нецели три десетинки во својот најбрз круг.
„Телевизија 24“ како снимка ќе ги емитува двете трки од Џеда, една по друга, со почеток во 23.15 часот.
-
Англијапред 11 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 19 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 22 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 23 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
Светски првенствапред 19 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Нуњез ги откри советите на Клоп и призна: Не играм добро!!!
-
Италијапред 22 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 21 час
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир