Шпанија
Мбапе со порака: Ова не е најдобар почеток на сезоната, но…
Килијан Мбапе од оваа сезона е член на Реал Мадрид, клуб кој долго време инсистираше, се обидуваше да го донесе уште од времето кога настапуваше во Монако за да оттогаш минат години по што претходното лето се создадоа услови и како слободен играч слета на „Сантијаго Бернабеу“.
Французинот се уште се пронаоѓа и има доста критики на негова адреса иако бројките не му се лоши-21 натпревар, 11 погодоци и 2 асистенции. Секако со оглед на квалитетот, знаењето се бара уште повеќе од него, ама истото се однесува и за целата екипа на Реал за која Мбапе верува дека ќе биде подобра како што ќе тече актуелнава кампања.
-Тука сме. Ова не е најдобриот почеток на сезоната, но се подготвуваме за трофеите кои ќе се сметаат. Веќе го освоивме Суперкупот на Европа. Не е она што го очекувавме, но во Реал го чекаме вториот дел од сезоната. Таму ќе ве судат.
-Ако си ѕвезда, луѓето зборуваат за тебе ако не зборуваш. Затоа зборувам денес. Секој ден има нешто, иако не сум направил ниту едно интервју. Јас не зборувам. Мислам дека тоа доаѓа од фактот дека по секоја цена треба да зборуваме за Килијан. Ова е прв пат да ја напуштам Франција. Сега, не сум повеќе таму. [Во Мадрид] Откривате нов контекст, нов клуб, клима, средина. Ги отвораш сите сетила. Повеќе се работи за набљудување. Овде ќе успеам, -порача Килијан за „РМЦ Спорт“.
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)