Англија
Матиќ се огласи на социјалните мрежи за да искритикува еден трансфер потег на Јунајтед (Фото)

Немања Матиќ остави трага на „Олд Трафорд“ и мина неколку добри сезони во дресот на Манчестер Јунајтед, а како играч кој познава и дел од актуелните ѕвезди на тимот кој го води Ерик Тен Хаг, си даде за право да ги искоментира последните случувањата на трансфер пазарот.
Српскиот играч за врска во моментов е член на Лион и ја започна втората сезона во францускиот фудбал, но непрозван од никого, сега самиот реши да се наврати на својата поврзаност со Манчестер Јунајтед.
Матиќ мина пет години на театарот на соништата и имаше можност да соработува со многу квалитетни фудбалери, но како човек кој добро го знае Скот МекТоминеј, останал разочаран од начинот на кој Јунајтед се откажа од својот продукт од младинската школа.
МекТоминеј од најмала возраст беше дел од Манчестер Јунајтед и мина тежок пат до првиот тим, а бидејќи важеше и за играч кој секогаш го оставаше најдоброто на теренот, Матиќ смета дека во денешниот фудбал тешко можат да се заменат вакви играчи.
– Мое мислење е дека Манчестер Јунајтед направи грешка со продавањето на Скот МекТоминеј. Во денешниот фудбал тешко е да се замени играч како него. Конте е паметен човек, – порача Матиќ за трансферот на Скот во Наполи.
My opinion is that #manutd made a mistake by selling Scott McTominay , today it is difficult to replace a player like him.Conte is smart man 👍
— Nemanja Matic (@NemanjaMatic) August 31, 2024
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)