Италија
Матераци: Овој тим на Интер е подобар од оној што ја освои тројната круна
Интер игра скоро без грешка во оваа сезона и е во позиција да освои повеќе титули, а со тоа да биде супер успешна натпреварувачката 2023/2024.
„Нероаѕурите“ триумфираа во Супер Купот на Италија, „газат“ се пред себе во Серија А, додека пак во Лигата на шампионите го добија првото соочување со Атлетико Мадрид во рамките на осминафиналето. Избраниците на Симоне Инѕаги притоа играат офанзивен и квалитетен фудбал, па легендата на клубот Марко Матераци дури и смета дека овој состав е подобар од оној кој своевремено направи историски успех во 2010 година.
-Искрено би рекол дека тие играат подобро од нас. Навистина е задоволство да ги следиме, мора да му се оддаде признание на Инѕаги кој сфати како да не се троши талентот. Потребно е само силните играчи да се чувствуваат добро заедно за да постигнат резултати, дури и без да се измисли којзнае што.
-И тогаш менаџерите се многу добри и направија многу малку грешки во последниве години. Од Мхитарјан до Барела знаеја дека таму има цврсти корени, припадност, сериозност. Така да тие го изградија овој тим кој изгледа совршен, -истакна Марко.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон