Репрезентација
Мартин Серафимов: Кога се игра за Македонија, се игра за победа!
Откако вчера и официјално Македонија беше вклучена во Светското ракометно првенство во Египет, благодарение на залагањата на ракометните работници и ракометарите што селекторот Брестовац ги повика, денес нашата селекција отпатува кон Александрија.
Мартин Серафимов ќе биде еден од најмладите во репрезентацијата, но веќе десет години е со ракометот и ова е негово второ светско првенство, откако во 2019 година доби шанса против Бахреин во финишот на средбата во Минхен. Потоа, тој беше еден од предводниците на кадетската репрезентација што во 2019 година играше на СП во Скопје.
ДЕРБИ: Веќе подолга низа години си во ракометот, но сега со крупни чекори ја правиш трансформацијата од младинските во сениорските води. Како гледаш на досегашните искуства, на работата со различни тренери во клубот и репрезентациите?
Серафимов: Ракомет тренирам веќе 10 години негде од 2011 година. Во младинските категории на Металург најмногу работев со Никола Матлиевски. Лино Червар е тој што ме воведе во сениорска селекција, а моето деби беше на мојот 17- ти роденден против Еурофарм. Покрај Лино, тренери ми биле и Брестовац, Јовиќ Кастратовиќ и Димитриевски. Со Брестовац поминав многу драгоцено време во Металург, во кадетската и младинската репрезентација.
ДЕРБИ: Пред нас е Светското првенство во Египет, а Македонија влегува како резерва. Како гледаш на оваа шанса да се испробаш со најсилните?
Серафимов: Светското првенство е сцена на најдобрите во ракометот и воедно можност да се одмерат силите со најдобрите селекции. Тоа што влеговме како резерва не значи дека сме послаби од останатите. Кога се игра за репрезентацијата на Македонија мора на сите натпревари да се влезе со мотив за победа, а знам дека ние ќе го дадеме нашиот максимум на теренот за исполнување на таа цел.
ДЕРБИ: Колку си задоволен од својата физичката подготвеност, од уиграноста на екипата? Ќе имаме ли сили да парираме без долги и напорни подготовки?
Серафимов: На полето на физичка подготвеност се чувствувам спремен, иако мора да се каже дека сезоната беше проблематична поради корона кризата. Имавме кратки но ефективни подготовки и двата натпревари со Чиле го подобрија нашиот ритам. Бидејќи оваа репрезентација е подмладена, сигурно е дека на секој нареден натпревар ќе се подобрува и уиграноста.
ДЕРБИ: Брестовац те познава од младите категории, очекуваш ли шанса за да заиграш покрај Лазаров?
Серафимов: Како што кажав со Брестовац поминавме долго време во младинските репрезентации и тој точно знае кој колку може да одигра во дадена ситуација. Кире Лазаров нашиот најдобар играч се уште е носител на нашата игра, но се надевам дека ќе има доста натпревари и секоја можност што ќе ми биде дадена од селекторот ќе настојувам да ја оправдам довербата.
Фото: РК Металург
-
Италија7 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија8 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија9 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија9 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија6 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Шпанија11 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан7 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет6 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!