Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез со мотоциклистички мастерклас ја воодушеви публиката во Германија (Видео)

Објавено

на

Марк Маркез продолжи со својата саботна доминација во Мото ГП шампионатот, добивајќи нова спринт трка на која се чинеше дека ќе го оствари најлошиот резултат оваа сезона.

Големиот шампион направи грешка во првата кривина и падна на петтото место, па во услови кога се возеше на влажна патека, имаше многу тешка задача за да стигне до врвот.

Во продолжение, Марк направи уште една грешка во битката со Квартараро и малку фалеше да загуби контрола над своето Дукати, но откако спречи пад, почна да вози во свој препознатлив ритам.

Шпанецот на крајот режираше мотоциклистички мастерклас во „кралската класа“ и во последниот круг ја доби битката со Бецеки, па така стигна до победа на спринт трката на Захсенринг.

Патеката во Германија е една од најомилените на шпанскиот мотоциклист, а тоа го потврди и со денешниот пресврт со кој има уште поголема предност во генералниот пласман.

Алекс Маркез не можеше да го следи ритамот на водечките и заврши осми, па Марк сега има 78 бодови повеќе од својот брат. Бањаја беше уште полош и заврши 12-ти, па Италијанецот има 138 бодови помалку од Маркез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни