АТП
Мари јавно ги нападна организаторите на Вимблдон за контроверзната одлука пред повредата на Димитров (Фото)

Григор Димитров петти пат во низа мораше да предаде меч на грен слем турнир, но овој беше убедливо најтежок и најболен момент за него поради тоа што играше за место во четвртфинале, и тоа против светскиот рекет број еден.
Бугаринот беше во доминантна позиција и водеше со 2:0 во сетови, но во моментите кога отсервира за 2:2 во третиот сет, претрпе непријатна повреда на рамото која го натера да го предаде мечот.
Димитров со солзи во очите го напушти теренот и доби овации од публиката на Вимблдон, но пред да дојде до немилите сцени, имаше една десетминутна пауза која дел од новинарите ја сметаат како можна причина за повредата на Григор.
Таквите теории добија на значење и поради јавната критика која ја испорача Енди Мари, поранешниот шампион на Вимблдон кој ги нападна организаторите поради затворањето на кровот во ситуација кога најмалку уште еден час ќе имаше дневна светлина во Лондон.
– Вистинска смешка е да се затвора кровот во оваа фаза од мечот. Ќе имаше најмалку уште еден час дневна светлина, можеше да се одигра уште еден сет. Ова е турнир на отворено, – искритикува Мари.
So ridiculous to close the roof at this stage of the match. At least an hour of light left….well over a set of tennis can still be played..its an outdoor tournament! 👎
— Andy Murray (@andy_murray) July 7, 2025
-
Италија3 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија5 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП24 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија6 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Италија4 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија23 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан2 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија22 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)