АТП
Мари е амбициозен: Сакам да играм финале со Ѓоковиќ или Надал

Енди Мари веќе неколку години е далеку од оној играч кој грмеше на тениските терени и беше вистинска конкуренција на Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер, но тој се уште е присутен на големата сцена и сака да направи добар резултат на престојниот грен слем во Лондон.
Британецот има два триумфи на Вимблдон, но веќе шест години не успева да го мине третото коло на најголемите турнири.
-Тој меч против Денис Шаповалов во третото коло лани беше фрустрирачки за мене. Не чувствував дека можам да направам нешто добро. Направив толку многу на рехабилитација, тренинзи, но не ми се исплатеше. Не се ставив себеси во ситуација да можам да се натпреварувам во големи натпревари на централниот терен.
-Тие можности стануваат се поретки и тоа е она што сè уште ме тера да продолжам да се борам. Затоа што верувам дека ако сум физички подготвен, тогаш имам добри шанси против најдобрите играчи на тие натпревари, -рече Мари кој се надева на финале со Надал, Ѓоковиќ или Беретини на грен слемот кој започнува наредната седмица.
-Тие големи натпревари се причината поради која се уште играм. Не сум тука само да го играм натпреварот од второто коло против Оскар Отe, туку да играм во финалето на Вимблдон против Ѓоковиќ или Надал или Матео Беретини. Со некои од тие момци. Тоа е она што го сакам, -порача амбициозниот Шкот.
-
Пливањепред 21 час
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 22 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 20 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Репрезентацијапред 14 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 23 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 13 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 8 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)