Поврзете се со нас

Свет

Мареска го најави финалето со ПСЖ: Ова ќе биде шаховски меч

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси ќе се обиде да му застане на патот на Пари Сен Жермен и да не дозволи францускиот клуб да ги освои сите трофеи во оваа сезона.

„Сините“ ќе ја имаат улогата на аутсајдер во големото финале на Светското првенство закажано за утре од 21 часот, меѓутоа премиерлигашот има квалитет, знаење, играчи кои знаат да играта фудбал на највисоко ниво и токму поради тоа менаџерот Енцо Мареска е убеден дека ќе се претстават во најдобро издание против тимот кој во полуфиналето го уништи Реал Мадрид со 4-0, а на патот го тука му зема и мерка на Баерн Минхен (2-0), го уништи Интер Мајами за едно полувреме (4-0), го преслуша Атлетико Мадрид исто со 4-0, односно направи само еден кикс против бразилски Ботафого.

-Обожавам да играм шах и да гледам шах. Чувствувам дека фудбалот е како игра шах и кога противникот ќе направи потег, мора да се спротивставите и мислам дека ова ќе биде како игра шах. Тие [ПСЖ] се врвен тим во Европа и светот, можеби најдобриот во светот, но секој натпревар е различен и ние ќе се обидеме да одиграме добар натпревар.

-Секако дека ќе биде тешко, но сите натпревари се тешки. Флуминенсе го победи Интер и стигна до финалето на Лигата на шампионите; Ал Хилал го победи Манчестер Сити. Ботафого го победи ПСЖ во ова натпреварување и одигра многу добро, но нашиот стил е различен од оној на Ботафого.

-ПСЖ е најдобриот тим во светот и тоа го покажаа на овој турнир, го покажаа во Франција и во Лигата на шампионите. Секако дека ќе биде тежок натпревар за нас, но се подготвуваме на најдобар можен начин. Имаме максимална почит кон нив. Претходно реков дека навистина уживам гледајќи ги, но ние сме тука за да дадеме се од себе и да се обидеме да го добиеме финалето. Сите натпревари се тешки, па затоа мора да ги прифатиме на свој начин, но не менуваме ништо што веќе сме го направиле. Имаме наш стил и покажавме како сакаме да ги правиме работите, -порача Мареска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни