Свет
Малдини: Постои само еден клуб кој е поголем од Милан
Реал Мадрид уште еднаш мина добро во дуел против Аталанта и оствари четврта победа во низа против италијанската „божица“, а тоа пристигна во момент кој беше круцијален за „кралскиот клуб“.
Реал имаше императив да брка победа после лошите резултати во воведните пет рунди, па со изданието вчера во Бергамо само потврди дека никогаш не смее да се отпише во најелитното натпреварување.
Европскиот шампион успеа да се искачи на табелата и сега има и шанси да се надева за директен пласман во топ 8, а додека се прават математики за тоа што може да се случи во завршните две рунди, Паоло Малдини излезе со еден интересен заклучок за двата најтрофејни клубови во Европа.
Легендарниот капитен на Милан порача дека само еден клуб е поголем од неговиот, а тоа признание му го предаде на Реал Мадрид.
– Има само еден поголем клуб од Милан, тоа е Реал Мадрид. Реал Мадрид е најголем клуб во светот, а Милан е на второто место. Реал отсекогаш на најдобар можен начин го претставувал својот идентитет. Луѓе како Флорентино Перез и Емилио Бутрагењео прават идентитетот на Реал посебно да добива на значење, – потенцира Малдини.
-
Италија7 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија8 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија9 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија9 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија6 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Балкан7 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Шпанија11 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Свет6 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!