Карате
Макпетрол со девет финалиња на младинското државно првенство во карате

Изминатиов викенд во Скопје 19-20.јуни.2021 (сабота и недела), се одржа државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21). На првенството имаше пријавено каратисти од цела Македонија. Тие се натпреваруваа во дисциплините кумите (борба) и кати во поединечна и екипна конкуренција.
Младите каратисти на Макпетрол на ова првенство покажаа дека се навистина извонредно подготвени, показател за нивната успешност е фактот што од вкупно 10 пријавени категории за настап , Макпетролците имаа 9 финалиња Тие успеаја да освојат вкупно 10 медали од кои: 4 златни и 5 сребрени и еден бронзен медал.
Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски изјави:
– Задоволни сме од настапот на нашите млади каратисти постигнатиот резултат на ова државно првенство можеше да биде и многу подобар. Имавме неколку непосакувани ситуации во финалните натпревари, кога нашите каратисти не се снајдоа најдобро и затоа бројот на златни медали е помал. Ова државно првенство имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Р.Македонија и затоа каратистите пред и за време на целиот натпревар имаа имаа голем притисок За нас како клуб најважно е дека докажаните репрезентативци Абдурахим Идризи, Стефан Стојанович, и Марија Петрова ја заверија визата за учество на европското првенство во Тампере, Финска.
Сега само останува да жалиме за европскиот медалист Глигор Петков -84 кг, кој не се пласира на европското првенство, поради еден удар кој го изведе на противникот во пределот на глава за кој што удар беше дисфалификуван. Тој беше оценет со најстрога казна за тој удар од страна на суискиот панел.
И покрај вложената жалба од наша страна , судиите останаа при својата одлука за дисфалификација на квалитетен натпреварувач за работа во која немаше никаква намера и за повредата многу допринесе и конкурентниот спортист од екипата на Штип, кој не внимаваше и се изложи на непотребен ризик, исто така поради недосудени поени во финалните натпревари не се пласираа и Викторија Јовановска – 61 кг (У21), која на ова натпреварување покажа дека е во моментов најдобро подготвена млада каратистка и младиот јуниор Витомир Трајковски на кого исто не му беше досуден правилно изведен удар кој ќе го носеше на европското првенство.
Сега само останува да жалиме поради сето тоа, бидејќи тие се по квалитет и техничка дотераност натпреварувачи кои можеа да и донесат медал на Македонија од европското првенство кое ќе се одржи во Финска, во месец Август.
Медалисти од Карате клубот Макпетрол на ова државно првенство се:.
ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ –ЗЛАТНИ МЕДАЛИ
- Марија Петрова -50 кг (У21), златен медал
- Абдурахим Идризи -60 кг (У21), златен медал
- Стефан Стојанович +76 кг, јуниор златен медал
4, Екипно борби – мажи (кадети и јуниори) златен медал, составен од :Стефан Стојановишч, Димитар Лозановски, Данило Божович, и Витомир Трајковски
СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ
- Глигор Петков постар јуниор (У21), -84 кг сребрен медал
- Витомир Трајковски јуниор сребрен медал
- Димитер Лозановски јуниор -63 кг, сребрен медал
- Викторија Јовановска -61 кг (У21) сребрен меда
БРОНЗЕН МЕДАЛ
- Даријан Тасевски (У21 + 84 кг бронзен медал
-
Италија3 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
АТП23 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија6 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија5 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија23 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија22 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Италија4 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија6 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда