Автомобили
Макпетрол: Реновирана и модернизирана бензинската станица на влезот во Прилеп
Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува со нови подобрувања и осовременувања на својата мрежа на услужни објекти. Овојпат, 80 милиони денари се вложени во реконструкција на бензинската станица на влезот од градот Прилеп.
Со цел да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици како и изградба на нови.
Станицата во Прилеп сега доби современ и функционален изглед, при тоа задоволувајќи ги највисоките пропишани технички и безбедносни нормативи. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат во текот на 24 часа, секој ден во неделата.
На бензинската станица се достапни сите квалитетни горива од фамилијата ULTRA на „Макпетрол“, вклучувајќи ги метанското гориво и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)