Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија забележа пад од две места на најновата ФИФА листа

Објавено

на

Фото: ФФМ

Во период кога сите очи се вперени кон Европското првенство кое се игра во Германија, светската фудбалска Федерација направи ново рангирање на најдобрите селекции, сето тоа како резултат на дуелите кои се одиграа во досегашниот тек на месец јуни.

Македонија забележа пад од две места на најновата ФИФА ранг листа и во моментов е на 71-то место на поредокот, сето тоа како последница на двата порази на стартот на месец јуни.

Избраниците на Благоја Милевски загубија од Хрватска и од Чешка и двата порази не однесоа две места подолу, што направи селекции како Исланд и Јордан да бидат пред нас.

Што се однесува до топ десет, има една промена и Бразил сега е четврти пред Англија, додека во топ три и натаму се Аргентина, Франција и Белгија.

Првата десетка ја комплетираат Португалија, Холандија, Шпанија, Хрватска и Италија, нешто што многу веројатно ќе се промени по крајот на Европското првенство во Германија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни