Млади спортисти
Македонија во центарот на олимписките подготовки, одбројување 100 дена до ЕМОФ Скопје 2025

Скопје и Куманово се во финалната фаза на подготовките за најголемиот младински мултиспортски настан во Европа – Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, што ќе се одржи од 20 до 26 јули во Македонија. Како дел од традиционалните активности пред секој ваков настан, на 9 и 10 април во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи Chefs de Mission семинарот, каде што претставници од 49 делегации ќе имаат можност да се запознаат со градовите-домаќини, спортските објекти и целокупната организација.
„Chefs de Mission семинарот е еден од клучните моменти во подготовките за фестивалот. Ова е можност да ги презентираме сите аспекти на организацијата и да размениме искуства со делегациите што ќе бидат дел од ЕМОФ Скопје 2025. Нашата цел е да обезбедиме највисоко ниво на организација и гостопримливост, а овој семинар е од суштинско значење за да им овозможиме на делегациите целосен преглед на сите логистички, инфраструктурни и спортски аспекти на настанот. За Скопје и Куманово, како домаќини, ова е извонредна можност да покажеме дека сме подготвени за ваков голем спортски настан и дека можеме да бидеме дел од европската и светската спортска мапа. Со тоа и нам самите можеме да си покажеме дека љубовта кон Македонија и спортот нè сплотува и прави посилни од секакви општествено-политички недоразбирања“, изјави Александар Богоевски, Извршен директор за ЕМОФ Скопје 2025.
Во пресрет на фестивалот, Скопје ќе биде домаќин и на големиот настан „100 дена до ЕМОФ“, кој ќе се одржи во Ист Гејт Мол на 12-ти април 2025. Оваа манифестација дополнително ќе пружи поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани, а спортско-забавниот дел ќе вклучи турнири во 3х3 баскет и богата интерактивна програма. Настанот ќе биде одлична можност за младите да се запознаат со олимпискиот дух и да бидат дел од одбројувањето до почетокот на фестивалот.
Ова лето, повеќе од 4.000 учесници, вклучувајќи 900 волонтери, ќе бидат дел од ЕМОФ Скопје 2025. Натпреварите ќе се одржат во 15 спортови: атлетика, бадминтон, кошарка, баскет 3х3, кану слалом, велосипедизам, ракомет, џудо, пливање, стрелаштво, пинг понг, теквондо, одбојка, планински велосипедизам и ритмичка гимнастика. За време на фестивалот, Скопје ќе биде домаќин на најголемиот дел од натпреварите, додека Куманово ќе ги пречека велосипедистите и кошаркарите. Уникатниот спортски амбиент ќе биде дополнет со уметничката гимнастика, која ќе се одржи во Осиек, создавајќи вистинска олимписка атмосфера низ различни локации.
Организацискиот комитет ги повикува сите граѓани на 12-ти април, особено младите, да се приклучат на „100 дена до ЕМОФ“ и да ја почувствуваат возбудата на овој голем спортски настан. ЕМОФ Скопје 2025 не е само натпреварување, туку и симбол на единство, младинска енергија и спортски дух.
Повеќе за фестивалот ЕМОФ Скопје 2025 можете да дознаете на следниот линк: https://www.instagram.com/skopje_2025/
Доколку сакате да се приклучите на овој спортски спектакл како волонтер повеќе информации можете да најдете на: https://skopje2025.sporteurope.org/skopje-volunteers/
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!
-
Шпанија17 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)