Репрезентација
Македонија со лоши пет минути го прокоцка одличното прво полувреме, па претрпе втор пораз од Египет

Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на закажаниот двомеч со Египет, селекција која ја оправда фавортиската улога на двата подготвителни меча кои се одиграа во Каиро.
Селекторот Кирил Лазаров добро можеше да види каде треба да работи во наредниот период во кој ќе се подготвуваме за Европското првенство, на кое треба да бидеме подготвени токму за противници како Египет.
„Фараоните“ се селекција од прв ранг и Лазаров самиот нагласи дека ги избрал нив поради силината и широкиот ростер, па сега на селекторот ќе му биде полесно да ги види недостатоците и да ги коригира во наредните два месеци.
Македонија одлично се држеше во првото полувреме и водеше со 11:13, но потоа во завршните пет минути од првиот дел не постигна гол, што резултираше со пет гола во низа за домаќинот за 16:13.
Нашите избраници намалија на 16:15 на стартот на вториот дел, но тоа беше најблиску што стигнавме во вториот дел, во кој Египет на крајот рутински стигна до победа од 31:26.
Талески со девет постигнати гола беше најрасположен за игра во нашиот тим, додека пет реализации имаше Кузманоски.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план