Поврзете се со нас

Лига на нации

Македонија потклекна во Никозија, Ерменија обезбеди пласман во Б-дивизијата во Лигата на нации (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија претрпе пораз од Ерменија од 1-0 во последниот меч од групата 2 од дивизијата Ц во Лигата на нации.

На нашиот национален тим му беше потребен позитивен резултат, реми или победа да го задржиме првото место и обезбедиме пласман во дивизијата Б на ова натпреварување, но избраниците на Ангеловски не успеаа да ја остварат таа цел на вечерашната средба во Никозија.

Имавме шанси да ја затресеме мрежата на противникот пред се во првиот дел, ама ниту еден од упатените удари не заврши на вистинското место. Во вториот дел Ерменците преку поранешниот вардарец Хамбарџумјан искористија наша грешка во одбраната и ја затресоа мрежата на Шишковски во 55 минута.

Продолжението не донесе многу возбуда, домаќините ја имаа најдобрата можност, ама Шишковски излезе како победник, поточно го сочува голот.

На крајот ние овој циклус од Лигата на нации го завршуваме со 9 бода на второто место зад Ерменија која собра 11 бодови.

Нашата репрезентација пропушти шанса да напредува и дојде до Б дивизијата, ама дефинитивно многу поважно е што претходно обезбедивме пласман на ЕП каде наредната година во групната фаза ќе ги одмериме силите со Австрија, Украина и Холандија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни