Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија поразена од Чешка на третиот натпревар на ЕП

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години го доживеа третиот пораз на Европското првенство во Црна Гора.

Денеска бевме поразени од селекцијата на Чешка со 41:24, селекција која е највалитетна во нашата група затоа што претходно ги суреди Унгарија и Полска.

Ние бевме немоќни на ова соочување на кое фаворитот ги реши сите дилеми околу победникот во воведните 30 минути во кои избори предност од осум разлика (18:10). По одморот ракометарките од Чешка дополнително додадоа гас користејќи ги сите слабости во играта на Македонија и на крајот славеа со дури 17 голови.

Миленкоска со 5 и Тодоровска со 4 гола беа најефикасни во нашиот табор.

Избраничките на Симовски сега ќе играат натпревари за подобар пласман на ЕП.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни