Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг листата

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација забележа скок на најновата ранг листа која ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Нашиот национален тим во последниот квалификациски „прозорец“ успеа да остане непоразен во пресметката со фаворизираната Белгија (1-1), плус славеше над Казахстан со 1-0, резултати кои донесоа напредок на селекцијата и сега со 1390,79 поени сме 62. фудбалска сила.

Наши „соседи“ пред и зад нас се две репрезентации од Африја, Демократска Република Конго и Буркина Фасо. Најблиску од европските тимови ни е Република Ирска која е на 60. позиција.

Врвот е резервиран за Аргентина, немаше промени и на останатите Топ 5 места кои ги заземаат Шпанија, Франција, Англија и Бразил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни