АТП
Магичен поен од Французинот: Муте режираше тениско чудо во Мајами (Видео)

Корентан Муте и Алехандро Табило режираа вистински трилер во втората рунда на Мастерсот во Мајами, а ако победата му припадна на Чилеанецот, потегот на мечот дефинитивно замина на страна на Французинот.
После макотрпна и долга битка на теренот, Табило славеше со 5:7, 6:3 и 7:5, меѓутоа цела тениска јавност посебно внимание посветува на потегот кој го режираше Французинот.
Муте важи за тенисер кој често знае да се одлучи за нелогични и чудни потези на теренот, но овојпат режираше магија од која застанува здивот.
Кога сите очекуваа едноставен волеј и префрлање на топчето во противничкото поле, Муте смисли лажен удар и ги фрапираше сите присутни на трибините, каде мора да се признае дека владееше фудбалска атмосфера во текот на целиот меч.
Иако на крајот испадна, Коренатан достави кандидатура за поен на турнирот во Мајами, а можеби и за еден од најоткачените во оваа 2025-та година.
Miraculous Moutet 🙌@moutet99 taking cheeky to the next level. #MiamiOpen pic.twitter.com/XGo5tE1y46
— Tennis TV (@TennisTV) March 21, 2025
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план