Репрезентација
Лоши вести од Загреб: Првичните прогнози се погрешни, повредата на Адеми е сериозна

Аријан Адеми незгодно се повреди по еден непријатен и несреќен дуел кој го имаше со Каи Хаверц, а иако првичните прогнози не беа загрижувачки, деталните прегледи направени во Загреб донесоа комплетно спротивно сценарио.
Неуморниот играч за врска и капитен на Динамо заработил потешка повреда на зглобот и ќе мора да паузира најмалку два месеци, поради што угледните медиуми од Загреб и Хрватска, го отпишаа Адеми од терените до пролетниот дел од сезоната.
Медиумите блиски до клубот откриваат дека прогнозите не се воопшто добри, па само чудо и неверојатно брза рехабилитација може да го врати Аријан на терените пред зимската пауза која е стандардна во фудбалска Хрватска.
Ова значи дека Динамо ќе игра без својот капитен на клучните натпервари во Европа кои следат до крајот на оваа година, а вестите се лоши и за македонската репрезентација.
Македонија е сосема поинаков тим со Адеми и без него во тимот, па сега Милевски ќе мора да бара решенија и алтернативи за средниот ред, бидејќи тој нема да стои на располагање за последните два меча против Ерменија и Исланд во квалификациите за Светското првенство.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)