Поврзете се со нас

АТП

Љубичиќ: Ѓоковиќ не е подготвен…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Париз со што се остваруваат најавите дека можеби нема повеќе да го видиме на терените во оваа сезона.

Србинот со освоеното злато на ОИ во Париз ја заокружи тениската приказна, па иако отфрла сценарио за негово повлекување јасно е дека мотивацијата нема да му биде на највисоко ниво особено ако се земе предвид дека веќе ги нема за конкуренти Рафаел Надал и Рожер Федерер кои заминаа во пензија.

Ова за Ѓоковиќ ќе биде нов момент во кариерата, но според Иван Љубичиќ тој ќе продолжи да се натпреварува на највисоко ниво и во следната година пред се кога се во прашање грен слемовите.

-Навистина не знам и мислам дека самиот Новак не знае до кога ќе игра. Според мене целта му се дефинитивно турнирите, а не пласманот, бидејќи за да напредува би требало да игра на повеќе турнири. Ниту физички, ниту психички не е подготвен за тоа, но во Шангај ни покажа дека кога сака да се натпреварува може да ги предизвика најдобрите.

-Навистина се сомневам дека ќе се појави во Торино, но мислам дека би можел повторно да се обиде следната година, -порача Хрватот кој во минатото му беше тренер на Федерер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни