Англија
Ливерпул мора да прифати еден непопуларен услов за да се ослободи од Киеза во јануари

Федерико Киеза не доби нов договор од Јувентус и беше ослободен од Тиаго Мота поради неговата билтен историја со непријатни повреди, пракса која за жал продолжи да го прогонува Италијанецот и по трансферот во Англија.
Крилниот напаѓач кој беше еден од најдобрите играчи на Европското првенство вo 2021-ва година не е истиот по тешката повреда на коленото, а засега неговиот престој во Англија е во најмала рака кошмарен, бидејќи Киеза одигра само 123 минути распределени на четири натпревари.
Киеза не успеа да се наметне кај Арне Слот и причина за тоа се и повредите кои се провлекуваат, но јасно е дека голем проблем му претставува и аклиматизацијата во Англија.
Сите овие причини прават Киеза повторно да биде активен на трансфер пазарот, а англиските медиуми тврдат дека самиот тој побарал да си замине уште во јануари, бидејќи не гледа како би ја променил својата ситуација во Ливерпул во вториот дел од сезоната.
Според информациите, три елитни клубови од Италија би му ја отвориле вратата на Киеза и би му подале рака во јануари, но за да се случи трансфер, Ливерпул ќе мора да се согласи на еден непопуларен потег.
Рома, Милан и Наполи не го кријат интересот за Киеза, но во овој момент, ни приближно не планираат да му ја обезбедат платата која ја добива во Ливерпул.
Киеза си договори 7,5 милиони евра по сезона во Ливерпул, па оваа зима ќе се врати назад во Италија на позајмица само ако англискиот клуб прифати да исплати барем половина од платата која му е загарантирана според договорот.
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија11 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон