Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул донесе исклучително емотивна одлука во договор со сопругата на Жота: 20-та заминува во вечноста! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Прераната смрт на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва ја зави во црно цела фудбалска јавност пред една седмица, а осум дена по немилиот настан, Ливерпул и дефинитивно донесе одлука која му прилега на клуб со класа и традиција како онаа што се негува на „Енфилд Роуд“.

Како што беше најавено, Ливерпул го повлече дресот со број „20“ и истиот нема да го носи ниту еден друг играч во првиот тим, се со цел да му се оддаде признание на фудбалерот кој цели пет години ги радуваше и воодушевуваше фановите на „Енфилд“.

Ливерпул со официјално соопштение посочи дека се повлекува бројот 20, но не само од првиот тим, туку и од сите младински и јуниорски тимови кои постојат во клубот.

– По консултација со неговата сопруга, Рут и останатиот дел од семејството, клубот може да објави дека бројот 20  ќе биде повлечен во чест и спомен на Диого на сите нивоа, вклучувајќи го и женскиот тим на Ливерпул и сите тимови во Академијата.

-Со повлекувањето на овој број во тимот,  истиот го правиме вечен – и затоа никогаш да не биде заборавен. Диого ни се придружи во 2020 година, ја освои 20-та титула за клубот во Премиер лигата и со љубов и чест го носеше бројот 20. Што се однесува до фудбалскиот клуб Ливерпул, тој секогаш ќе биде нашиот број 20, – гласи објавата на „црвените“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни