Италија
Легендарниот Квадрадо ќе заигра за шести клуб во Серија А (Видео)
Хуан Квадрадо имаше кратка епизода во Интер и после само една сезона повторно стана слободен агент, откако претходно дури шест години беше дел од Јувентус.
Искусниот колумбиски фудбалер и во 36-та година од животот е доволно атрактивен и имаше неколку понуди од италијански клубови, но на крајот ја дочека онаа најамбициозната од Аталанта.
Клубот од Бергамо реши да го ангажира Квадрадо и да му отстапи простор во тимот на Џан Пјеро Гасперини, кој во последно време се навикна да биде дел од елитата во италијанскиот фудбал.
Колумбиецот добива едногодишен договор и во моментиве ги мина медицинските тестови, па јасно е дека трансферот ќе биде официјалнизиран во наредните неколку часа.
Аталанта ќе биде шести клуб кој ќе го претставува Квадрадо во Серија А, бидејќи претходно настапуваше за Удинезе, Лече, Фиорентина, Јувентус и Интер.
𝐀𝐭𝐚𝐥𝐚𝐧𝐭𝐚, 𝐯𝐢𝐬𝐢𝐭𝐞 𝐦𝐞𝐝𝐢𝐜𝐡𝐞 𝐩𝐞𝐫 𝐂𝐮𝐚𝐝𝐫𝐚𝐝𝐨⚫️🔵
Questa mattina Juan Cuadrado è alla clinica La Madonnina per svolgere le visite mediche di rito con l’Atalanta #sportitalia #cuadrado #atalanta pic.twitter.com/3A2Ph1137M
— Sportitalia (@tvdellosport) August 26, 2024
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија11 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре