Англија
Легендарниот Јорк му предложи две големи фудбалски ѕвезди на новиот газда Ретклиф

Сер Џим Ретклиф почна со регрутација на директори и веќе си договори нов извршен и спортски директор, и тоа во добри познати имиња од Манчестер Сити и Њукасл.
Омар Берада и Дан Ашворт од почетокот на летото ќе работат во Манчестер Јунајтед и ќе бидат одговорни за најважните трансфер операции кои ќе ги активира клубот, а бидејќи станува збор за период во кој ќе се очекуваат доста промени, легендите почнаа да даваат свои предлози за тоа во кој правец треба да се развива политиката.
Двајт Јорк му предложи два интересни трансфери на новиот косопственик на Јунајтед, за кого се верува дека ќе го одврзе ќесето и дека ќе донесе нови атрактивни имиња за спортскиот проект.
– Сметам дека на Јунајтед се уште му недостасува добра „деветка“, некој со поголемо искуство во Премиер лигата. Според мене, играч како Сон ќе биде брилијантен за Јунајтед. Тој не е како Хари Кејн, но се уште има многу енергија и креира и постигнува многу погодоци. Играч како него треба да биде атрактивен за Јунајтед.
– За да донесе ваков калибар на играчи, Јунајтед мора да се пласира во Лигата на шампионите. Покрај во нападот, сметам дека треба освежување и во средниот ред. Де Јонг би бил извонреден ментор за Маино, тоа би била извонредна комбинација на средината на теренот. Де Јонг би бил „Икс-фактор“ во средниот ред на Јунајтед, ќе донесе потребна креативност и голема свежина со својата напорна работа. Комбинација со него и Маино би била извонредна за следната сезона, – смета легендарниот Јорк.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон