НБА
ЛеБрон со „ѕверски“ настап ги воодушеви НБА фановите пет дена по 40. роденден (Видео)

ЛеБрон Џејмс 22 години е дел од најсилната кошаркарска лига во светот и одбележа една неверојатна ера во НБА лигата, дело кое продолжува да го надополнува и во петтата деценија од животот.
„Кралот Џејмс“ на 30-ти декември наполни 40 години и ја „раситни“ петтата деценија, но и во оваа фаза на кариерата покажува дека е доволно добар за да дели лекции во НБА.
Лос Анџелес Лејкерс рано утрово на домашен терен го совлада Портланд со 114:106, а ѕверски настап имаше токму ЛеБрон со 38 поени, 3 скокови и 8 асистенции.
Овој учинок беше клучен за прва победа на „езерџиите“ во новата 2025-та година, триумф во кој значајен учинок имаше и Кристи со 28 поени.
Победата над Портланд ЛеБрон посебно ќе ја памети и по израмнување на еден рекорд, бидејќи утрово го израмни рекордот на Мајкл Џордан на вечната листа по бројот на одиграни натпревари на кои забележале најмалку 30 поени (562).
LeBron James in the @Lakers W:
👑 38 PTS (15/25 FGM)
👑 8 AST
👑 7 3PMLeBron ties Michael Jordan (562) for the most 30+ point games in NBA history. pic.twitter.com/G4SS3i1o2c
— NBA (@NBA) January 3, 2025
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план