Поврзете се со нас

НБА

Леброн на интересен начин ги претстави Дончиќ и Јокиќ во својата стартна петорка (Видео)

Објавено

на

Одиграните натпревари во НБА лигата изминатава вечер останаа во втор план, од едноставна причина што двајцата предвидени капитени за Ол старот ги избраа своите петорки со кои ќе настапат на овогодинешниот спекакл.

Леброн Џејмс и Кевин Дурент добија најмногу гласови од своите колеги и ја имаа привлегијата да состават фантастични петорки, со тоа што Дурантула сепак нема да настапи на големата пресметка поради повредата која ја влече веќе извесно време.

Стартната петорка на Дурант е составена од соиграчот Кајри Ирвинг, Бредли Бил, Џејсон Тејтум, Каваи Ленард и Жоел Ембид, додека двете најголеми балкански ѕвезди ќе ги гледаме во тимот на „кралот Џејмс“.

Големата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс ќе игра на Ол стар мечот и ќе биде лидер во својата петорка, во која првите две места им ги додели на Јанис Адетокумбо и Стеф Кари.

Навистина интересен беше начинот на кој Леброн ги најави Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, првиот нарекувајќи го „магичен“ Лука, а Србинот „Џокер“ во стилот на неговиот прекар во Денвер.

НБА резултати од изминатава вечер:

Бостон – Торонто 132:125
Вашингтон – ЛА Клиперс 119:117
Њујорк – Детроит 114:104
Индијана – Денвер 103:113
Мемфис – Милвоки 111:112
Њу Орлеанс – Мајами 93:103
Сан Антонио – Оклахома 102:107
Феникс – Голден Стејт 120:98
Портланд – Сакраменто 123:119

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни