Италија
Леао за својот однос со Фонсека: Не излезе како што треба…..

Рафаел Леао влезе во второто полувреме во финалето против Интер и комплетно го промени натпреварот во Ријад, бидејќи Милан по неговото влегување во игра направи целосен пресврт и се врати од два гола негатива.
„Росонерите“ добија голема инспирација од Сержо Консеисао и очигледно е дека тренерската смена предизвика позитивен шок, од кој медиумите најмногу очекуваат да профитира токму Леао.
Рафа се најде на немилост во неколку наврати кај својот сонародник Фонсека, па откако Милан брзо освој трофеј со новиот тренер, крилниот напаѓач посочи дека Консеисао му дал нова енергија на тимот.
Оваа негова изјава беше протолкувана како индиректна отровна стрела до Фонсека, а тоа го примора Леао повторно да се навраќа на сонародникот во ексклузивното интервју со „Газета“.
– Нема што многу да се кажува за мојот однос со Фонсека. Имавме класичен однос на играч и тренер. Точно е дека на почетокот моравме да решаваме некои ситуации, но тоа не беа проблеми, туку класични фудаблски ситуации.
– Тој се обидуваше да ја врши својата работа, да ги аплицира своите идеи и сметам дека секогаш има што да научите ново во фудбалот. Не излезе како што треба, но јас не сум тој кој одлучува дали еден тренер треба да остане, или да си оди. Можам да кажам дека сите го дадоа максимумот за него, па сега можам само да му посакам се најдобро во иднина, – вели Леао.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)